Во Уметничка галерија изложба на оружје
20.10.2015 08:08
| KumanovoNews
Во Уметничката галерија во Куманово утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена изложба насловена како “Оружје од османлиски период до крајот на Втората светска војна“.

Автор на изложбата е Марија Живачки, кустос историчар во Музеј Куманово.
Изложбата ќе ја отворат проф. д-р. Александар Стојчев од Воен музеј на Република Македонија и Даниела Николова, кустос советник во Музеј на Македонија од Скопје.