×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Ваксинце нападнат и ограбен Авганистанец

    20.01.2018 09:26 | KumanovoNews

    Авганистанец е нападнат и ограбен од неколку лица во липковското село Ваксинце.

    Во Ваксинце нападнат и ограбен Авганистанец

    С.А.(31) од Авганистан завчера околу пладне бил нападнат со нож од едно лице, кое му нанело расекотина на лицето во пределот на левиот образ, а други неколку лица го удирале со тупаници и клоци во предело на телото, по што му одзеле мобилниот телефон и 600 евра, а потоа го напуштиле местото на нaстанот.

    Оштетениот побарал помош во канцеларијата на Црвениот Крст во с.Лојане и со нивно возило бил пренесен транспорниот центарот во Табановце, по што настанот го пријавил во полиција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

    Авганистанецот во вторникот околу 19,00 часот бил депортиран од страна на полициски службеници од Р.Србија на територијата на Р.Македонија во реонот на с.Лојане. Потоа пристигнал во с.Ваксинце каде преноќил две ноќи во куќа кај непознато лице за што му платил 40 евра. На 18.01.2018 година околу 12,00 часот тргнал да се пријави во кампот за мигранти во Табановце, кога бил нападнат и ограбен од разбојниците.