Мени

Во затворот К'шање починал 27-годишен кумановец

24.07.2026 13:22 | KumanovoNews

Дваесет и седумгодишен осуденик од Куманово починал во Казнено-поправната установа Куманово - Затвор К'шање.

Во затворот К'шање починал 27-годишен кумановец

Според информациите од МВР, вчера во 12:35 часот во било пријавено дека во затворот бил пронајден починат С.Ш. (27) осуденик од Куманово.

Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Причините за смртта ќе бидат утврдени по завршувањето на обдукцијата.