×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Водата од градскиот водовод уште не е за пиење, се чекаат лабораториските резултати

    23.05.2024 11:53 | Оливера Пешевска

    Уште се чекаат лабораториските резултати за квалитет на водата и се препорачува водата во градскиот водовод  да не се користи за пиење, туку само за техничка употреба. Под техничка вода се подразбира вода за капење и одржување на личната хигиена, миење на садови, а за готвење таа треба да биде превриена.

    Водата од градскиот водовод уште не е за пиење, се чекаат лабораториските резултати Фото: pixnio.com

    Водоснабдувањето со техничката вода во Куманово е 80 отсто нормализирано, а интензивно се работи и останатите делови од градот дa добијат вода во најскоро можно време. Според проценките на надлежните до вечерните часови се очекува дека ќе биде во функција целата мрежа.

    „Процесот се одвива бавно, водата се уште е заматена, но со голем пад во однос на вчерашните 10 илјади мерни единици, полека доаѓаме до вообичаените вредности. Се пушта по реони со внимателност за да не се јави некој дефект. За сега работата тече непречено, планираме до вечерните часови сите наши корисници да добијат техничка вода“, истакна директорот на Водовод Оливер Стојмановски.

    Заради хемиска обработка- хлорирање на водата процесот тече поспоро од вообичаено, но мерките се преземени поради поголема безбедност за здравјето на граѓаните.

    За потврда на квалитетот на водата правилата предвидуваат три последователни лабораторски резултати кои потврдуваат дека водата е бактериолошки исправна и чиста за конзумирање.

    Високите зони на Општина Куманово-  населбата „Карпош“, дел од населба „Перо Чичо“ (Банево Трло) , „Ајдучка Чешма“, населбата „Иго Тричковиќ“ (Пуковско), резервоар кај улицата „Бајрам Шабани“, селото „Черкези’ и населбата „Железничка Станица“, се на мрежа која функционира засебно и кај нив не е забележан недостиг на вода во мрежата.

    Куманово се соочи со проблеми во водоснабдувањето, откако Липковско беше зафатено со силно невреме проследено со пороен дожд и град, па големите количини на води кои се слеаа од планината ја заматија водата во браните.