Водовод доби современо возило
01.11.2011 14:26
| KumanovoNews
Јавното претпријатие „Водовод„, доби од швајцарската влада цистерна во вредност од 100 иљади евра.Донацијата е дел од проектот МЕАП, кој е во завршна фаза.

Се работи за најсовремена цистерна која ги исполнува сите еколошки стандарди. Со ова возило ќе се зголеми квалитетот на услугите на нашите корисници, и досегашните проблеми во канализациониот систем ќе се решаваат на поефикасен и подобар начин- вели директорот Виктор Божиновски.