Волонтери ќе ги едуцираат младите за дрога, алкохол и цигари
28.10.2015 12:25
| KumanovoNews
Волонтери од општинската организација на Црвен Крст од Куманово, во месец ноември ќе ги едуцираат учениците од градот да не користат дрога, алкохол и цигари.

Оваа активност Црвениот Крст ќе ја реализира по повод ноември - Месецот на борба против болести на зависности.
Ова е наша календарска активност. Ќе бидат опфатени 5 средни и 5 основни училишта, односно ќе бидат едуцирани околу 300 младинци. Ќе им биде укажано кои се лошите ефекти од користење на дрога, алкохол и цигари - вели Раде Ристиќ од Црвен Крст.
Паралелно Клубот на млади во Црвен Крст врши прием на нови волонтери на возраст од 14 до 30 години.