Волонтери на Црвен крст ја одбележаа Неделата на младите
Општинска организација на Црвен крст Куманово, со повеќе активности ја одбележа Недела на младите.

Денеска на градскиот плоштад во Куманово, заедно со волонтери од Клубот на млади ги претставија активностите со штанд на кој имаше информативни флаери и пункт за демонстрација на укажување Прва помош за заинтересираните случајни минувачи.
- На овој начин младите како и постарите граѓани од нашата општина имаа можност поблиску да се запознаат со работата, активностите и достигнувањата на младите волонтери од општинската организација на Црвен крст Куманово, - соопштуваат од Црвен крст.
Од организацијата најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со реализација на повеќе активности.