Волонтерите на Црвен крст Куманово најдобри во дисеминација
Екипата на Црвен крст Куманово, освои прво место во областа на дисеминација, односно ширењето на знаењата за Меѓународното движење на Црвениот крст, и покажа најдобо познавање за движењето, визијата и мисијата на Црвениот крст.

Државниот натпревар по прва помош и дисеминација се одржа минатата недела во Општина Гази Баба, а учествуваа 22 екипи од исто толку општински организации.
„Кумановската екипа броеше 6 члена. Во областа на првата помош екипата на Црвен крст Куманово го освои 6-то место. Воедно Општинската организација на Црвен крст Куманово учествуваше и со логистичка подршка во организацијата на целиот настан со 8 обучени волонтери“, - информираат од Црвен крст Куманово.
Волонтери на Црвен крст Куманово учествуваа во обезбедување на маратон во Општина Липково, а предходно поделија школски прибор и ранци за 12 ученици од семејства со социјален ризик од основното училиште “Бајрам Шабани” - Куманово.