Вонредна авионска дезинсекција во поплавените подрачја
18.08.2015 10:52
| KumanovoNews
Министерството за здравство во четврток ќе изврши авионска дезинсекција во поплавените подрачја, при што ќе биде опфатено и Куманово.

Авионската дезинсекција ќе се изврши во утринските часови во периодот од 5 до 8 часот. Се известуваат лицата кои чуваат пчели навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите и да не ги пуштаат надвор во наредните 3 до 4 часа по прскањето.