Вонредна летна крводарителска акција
15.08.2018 13:10
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утре од 9 до 14 часот, ќе се одржи вонредна летна крводарителска акција.

Акцијата ја организира општинската организација на Црвен крст.
Од таму посочуваат дека се соочени со мали резерви на крв и реална опасност од појава на недостатоци на одредени крвни групи.
Тие ги повикуваат граѓаните да се приклучат на акцијата и да ја покажат хуманоста на дело.