Вработен на „Вибе“ при ископ нашол гранати
09.10.2015 12:14
| KumanovoNews
Вработен во фирма „Вибе“ завчера пријавил во полиција, дека при вршење ископ за пруга во Куманово кон Бедиње-индустриска зона нашол гранати.

Пронајдени се 18 минофрлачки мини, четири зрна од топовска граната, осум запалки за гранати и две противавионски куршуми со потекло од Втората светска војна. Истите се подигнати од страна на ДЗС за понатамошна постапка.