×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вработил стражари па ги толерирал да не доаѓаат на работа

    28.12.2017 08:35 | KumanovoNews

    Кривични пријави добија петмина кумановци, поради злоупотреба на службена положба и овластување, затоа што биле вработени како стражари и земале плата, а не доаѓале на работа и не го заштитиле имотот кој бил мета на крадци.

    Вработил стражари па ги толерирал да не доаѓаат на работа

    Кумановската полиција до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против  З.Д. (57), Д.К. (25), Д.С. (62), Д.П. (38) и Г.Ц. (44), сите од Куманово поради постоење основи на сомнение дека З.Д. ги сторил кривичните дела: злоупотреба на службена должност и овластување од член 353 став 3, а во врска со член 45 став 1 и лажно пријавување на кривично дело од член 366 став 1 од Кривичен Законик на РМ, додека останатите пријавени сториле кривично дело злоупотреба на службената должност и овластување од член 353 став 2, а во врска со член 45 став 1 од Кривичен Законик на РМ.

    З.Д. во временски период од месец јануари 2012 година до 02.04.2017 година ангажирал стражарска служба во земјоделска задруга која работела во смени, при што ги вработил Д.К., Д.С., Д.П. и Г.Ц кои биле пријавени во Агенција за вработување, со месечни примања од 9.000,00 денари, а кои поретко или воопшто не се појавувале на работното место и со тоа им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 1.776.517,00 денари.

    Целиот овој период стечајниот должник останал незаштитен, а доверителите оштетени за вкупен износ од 1.300.482,00 денари од извршени вкупно 13 кражби на мотори, опрема и разни делови од земјоделската механизација, кои кражби постојат и се во кругот на стечајниот должник и истите биле пријавени од З.Д. кој подолг временски период поради неизвршување на службената должност, не извршил контрола на пријавениот недвижен имот.