Врнежи од дожд и снег на планините не очекува викендов
Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои ќе се интензивираат во вечерните и ноќните часови, - информираат од УХМР.

Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде на места ќе наврнат над 35 л/м2.
Врнежи од снег преку денот ќе има само на повисоките планини, а во текот на ноќта снежната граница ќе се спушти до околу 1500 м.н.в.
Ќе дува засилен, на моменти силен јужен ветер (со брзина и над 90км/ч). Температурата ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремен дожд, особено во вечерните и ноќните часови. Ќе дува засилен јужен ветер. Температура до 15 степени.
Утре наутро се уште ќе има локални врнежи, особено во јужните делови. Преку денот облачноста ќе се намали и ќе настапи преодно стабилизирање на времето, што ќе се задржи и во првиот ден од следната работна седмица.