Второ прскање против комарци во Куманово
09.07.2018 06:20
| KumanovoNews
На подрачјето на Општина Куманово, утре во раните утрински часови ќе се изврши второ авионско прскање против комарци.

Од Општината апелираат до пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.
Во случај да не се изврши авионско прскање поради неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за наредниот ден, за што граѓаните дополнително ќе бидат информирани.
Авионската дезинсекција во Куманово во текот на летната сезона се спроведува три пати. Првата беше реализирана во средината на јуни.