За половина денар поевтинуваат дизелот и Еуросупер 95
Oд ноќеска на полноќ малопродажните цени на Еуросупер БС-95, на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулатрната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 63 денари за литар, на Еуродизел (Д-Е V) 51 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 39,50 денари за литар. Цената на бензинот Еуросупер БС-98 останува 65 денари за литар.
За 0,421 денари поскапува мазутот М-1 НС и еден килограм ќе се продава за 26,287 денари.
Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за 0,73 односно 0,42 отсто.