За викенд фатен 21 пијан возач во Куманово
27.11.2017 12:21
| KumanovoNews
Кумановската полиција викендов открила 21 возач како под дејство на алкохол управува автомобил.

На подрачјето на СВР Куманово минатиов викенд беше спроведена и зајакната акциска контрола во врска со управувањето на возила од граѓани под дејство на алкохол, при што алкотестирани се вкупно 136 возачи и притоа кај 21 возач е утврдено присуство на алкохол, над дозволеното, соопштуваат од СВР Куманово.