Заедничка прослава на Курбан Бајрам во Диво Насеље
Жителите на кумановската населба Тоде Мендол, претставници на повеќе локални институции и ученици, вчера заеднички го прославија муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

Прославата ја организираше младинската организација ЦИД, Секторот за превенција при СВР Куманово, со подршка на месната заедница и Советот на општината Куманово. Во Тоде Мендол живеат околу 17000 жители, претежно албанско населние, но и претставници од другите етнички заедници.
“Тенденција ни е да живаееме мирно, спокојно, меѓусебно да се почитуваме и да го чуваме соживотот. Тоа го докажува и на денешната манифестација, денешниот заеднички собир, бидејќи поголемиот дел од семејствата слават зеднички и се посетуваме на празниците и славите. Луѓето од оваa нaселба неколкупати имаат докажано дека се за соживот, без разлика кој на која верска и национална припадност припаѓа. Се надевам дека тие односи уште повеќе ќе ги зацврстиме и животот ќе ни биде поубав и побогат, во овие кризни времиња“, - изјави Шабан Демири претседател на м.з. Тоде Мендол.
Виолета Богдановска, раковoдител на Секторот за превенција во СВР Куманово, вели дека заедничко одбележување на верските празници на етничките заедници во Куманово досега го организирале во некое од основните или средни училишта во градот, а оваа година за првпат се одлучиле за месна заедница.
„Дојдовме на идеја овој празник да се одбележи во една од месните заедници, кој е мултиетничка. Целта е да се граѓаните да запознаат со различниот од себе, да се почитува туѓата традиција, култура, обичаите, да се дружиме да има повеќе комуникација, а се со цел преку тоа да има и поголема безбедност помеѓу самите граѓани, но и во работата на институциите кои всушност се сервис на граѓаните, како што е полицијата“, - изјави Богдановска.
Присутните беа послужени со баклава, традиционалното слатко за овој празник.