×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заев: Да гласаме за Јовановска, Старо Нагоричане да биде напредна општина

    23.10.2017 18:38 | KumanovoNews

    Државата мора сериозно да застане зад општините кои се во слаба финансиска состојба и да го помага нивниот развој, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешното обраќање пред граѓаните на општина Старо Нагоричане.

    Заев: Да гласаме за Јовановска, Старо Нагоричане да биде напредна општина

    „Ви гарантирам, државата директно ќе интервенира за финансиски да ги стабилизира сите општини, посебно општините што се финансиски заглавени, како што е Старо Нагоричане. Истовремено, соодветно ќе ги поддржиме капиталните проекти. Во 21-виот век, мора да имаме канализациони системи, бидејќи со септичките јами се уште живееме како во 19-ти век. Сета подземна инфраструктура, како што се водоснебителните и канализациони мрежи ќе бидат серионзо поддржани од Владата за кочено да можеме комплетно да ги решиме комуналните проблеми. Во Младо Нагоричане ќе го довршиме водоводот за да има здрава вода за пиење за сите граѓани“- порача Заев.

    Toj повика на 29 октомври граѓаните масовно да дадат поддршка на кандидатката Жаклина Јовановска и нејзината програма.

    „Имаме можност пред сите да докажеме дека ако се сакало, се можело. Тоа е нашиот предизвик пред којшто сме исправени. Затоа, да ја довршиме кампањата и да гласаме за број 19 и за идната градоначалничка Жаклина Јовановска“ порача Заев.

    Јовановска се заблагодари на подршката на лидерот Зоран Заев и вети дека општина Старо Нагоричене заедно со централната власт ќе ја надмине тешката финансиска состојба во која се наоѓа.

     „Дека ја имаме подршката од највисокото раководство на актуелната власт покажува и денешната посета на лидерот на СДСМ и претседател на Владата на Република Македонија, господинот Зоран Заев. Со помош на централната власт ќе реализираме проекти кои ќе донесат подобар живот во Старо Нагоричане”- рече Јовановска пред своите сопартијци и жителите на Старо Нагоричане.