×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заев и Николовски ги повикаа граѓаните да пријавуваат корупција

    03.09.2021 12:04 | Сузана Николиќ

    Премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните да се охрабрат и да ја пријавуваат корупцијата и да не се плашат од никого, а на функционери на сите нивоа им порача дека корупцијата не се исплати и дека последната дестинација на оние што го прават ова кривично дело е затворот и срамот пред заедницата.

    Заев и Николовски ги повикаа граѓаните да пријавуваат корупција

    Премиерот и вицепремиерот Љупчо Николовски, денеска ја промовираа кампањата за подигање на свесноста и за поддршка во борбата против корупцијата,  под слоганот „Сега сé е јавно – Корупцијата не се исплати“.

    „Кампањата е израз и на нашата постојана и гласно афирмирана заложба да им дадеме гласност и видливост на воспоставените јасни механизми за соработка меѓу сите институции за справување и спречување на корупцијата, и за охрабрување на граѓаните и медиумите да укажуваат и да зборуваат јавно и гласно“, нагласи премиерот Заев.

    Кампањата има за цел да ги мобилизира граѓаните и државната администрација во обезбедувањето заштитни механизми и отпор кон корупцијата која го разорува општеството по сите основи.