×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заев му понуди на Дамјановски да биде дел од извршната власт

    02.10.2017 08:22 | KumanovoNews

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев, синоќа од митинг во Куманово, на досегашниот градоначалник Зоран Дамјановски- Циц, му понуди да биде дел од извршната власт. Заев го пофали Дамјановски дека бил предводник во битката против предходната власт и заедно со неговите соработници ги издржал сите закани, инспекции, пријави, тортури и омаловажувања.

    Заев му понуди на Дамјановски да биде дел од извршната власт

    „Другар мој успеавме, го соборивме режимот. Ја вративме слободата. Блесна Македонија слободарски. Ти благодарам на тебе и на твоето Куманово. Господ здравје да ти даде. Ѝ требаш на Македонија, вратите ти се отворени и во Куманово и во централната власт за луѓе со капацитет како твојот, за мојот тим, за цело Куманово“, рече Заев, што наиде на голем аплауз и овации кај присутните членови и сипматизери на централниот мититнг на кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски.

    И Дамјановски беше кандидат за градоначалник за четврт мандат, но не ја доби подршката на централата и лидерот. Тој му се налути на Заев, поради што досега ја бојкотираше кампањата на Димитриевски, а синоќа за прват се појави на јавен собир.

    Дамјановски по професија е доктор-гинеколог и пред да стане градоначалник работеше во Општа болница Куманово. Има уште четири години до пензија, а се шпекулираше во јавноста дека ќе започне дипломатска кариера во некоја од балканските држави.