×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Загадувачите ќе се пријавуваат по електронска пошта

    14.12.2017 23:36 | KumanovoNews

    Фотографии од несовесни граѓани кои палат гума, пластика и друг отпад, наместо на социјалните мрежи, по електронска пошта може да се пратат во Општина Куманово.

    Загадувачите ќе се пријавуваат по електронска пошта

    „Сите матерјали (видео, слики) и податоци кои ги имате во врска со загадување на животната средина може да ги испраќате на официјалната електронска адреса на Секторот за инспекција – Инспекторат на Општина Куманово: [email protected]“, -соопштуваат од Општината.

    Поради енормната загаденост во градот, граѓаните последниве денови објавуваа фотографии на луѓето кои палат гуми, пластика и друг загадувачки матерјал на отворено и бараа од надлежните да ги казнат. Покрај по електоронска пошта граѓаните сугерираат да се отвори и телефонска линија во инспекциските служби, заради полесна комуникација.

    Во Куманово ноќеска на полноќ загаденоста е 192 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, што е за 4 пати повеќе од дозволената максимална граница од 50 мг/м3.