Загина ловџија во липковско
Четириесет и две годишен жител на липковското сeло Слупчане загинал при лов во планинско село Извор.

Несреќата се случила завчера, додека двајцата пријатели Е.К (42) и М.И.(48) биле на лов.
М.И. со неговите кучиња се оддалечил и забележал како од планината се спуштат кучиња-загари кои се упатиле кон кучето на Е.К. и почнале да се дават. Тогаш М.И. слушнал истрел и се упатил кон Е.К. и го нашол легнат на земја и му кажал дека самиот пукал.
М.И. тргнал да побара помош и наишол на ловџијата А.И. (36) од село Режановце, кумановско. Двајцата се вратиле кај Е.К. и забележале дека не дава знаци на живот. Имал прострелна рана во пределот на градниот кош.
Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од секторот за внатрешни работи Куманово. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.