Мени

Загина мотоциклист во сообраќајна несреќа во Куманово

29.06.2026 15:56 | KumanovoNews

Мотоциклист го загуби животот во сообраќајна несреќа што денеска напладне се случи на улицата „Доне Божинов“ во Куманово.

Загина мотоциклист во сообраќајна несреќа во Куманово

Според информациите од СВР Куманово, несреќата била пријавена во 12:46 часот, а во неа учествувале патничко моторно возило „сеат“, управувано од А.А. (64) од Куманово, и мотоцикл управуван од Д.С. (49).

Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово. Причините за несреќата се утврдуваат.