Мени

Загина работник во ФЗЦ

31.07.2018 08:56 | KumanovoNews

Работник загинал утринава во Фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври„ во Куманово.

Загина работник во ФЗЦ

Од Кумановската полиција потврдија дека несреќата се случила утринава при што работникот се здобил со сериозни повреди, а кратко потоа и починал.

Неофицијално несреќата се случила околу осум часот додека работникот бил на работното место. Екипи од полицијата се на терен и вршат увид, а повеќе информации најавуваат во текот на денот.