×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Загрижува трендот на намалување на ученици, вели Дескоска

    04.09.2017 14:55 | KumanovoNews

    Трендот на опаѓање на учениците и бројот на децата во Република Македонија е загрижувачки, изјави министерката за образование Рената Треневска Дескоска, на првиот училиште ден во Куманово.

    Загрижува трендот на намалување на ученици, вели Дескоска

    Во Куманово оваа година се запишаа околу 1200 првачиња, седумдесетина помалку од лани, а во прва година во средните училишта 1100 ученици или 200 помалку од минатата година.  

    „ За жал се забележува опаѓање на бројот на деца коишто се запишуваат и во средното образование и покрај тоа што е задолжително, што покажува на трендот за иселување на млади луѓе од државата, семејства со деца во образовен процес. Се надеваме дека процесот на иселување на младите ќе запре, Министерството за образование и наука ќе направи реформи, кои ќе значат враќање на квалитетот на образованието и правење на образованиот систем во Македонија, атрактивен за учениците како би останале овде и би го продолжиле своето образование“- изјави Треневска Дескоска.

    Министерката денеска им посака успешна учебна година на првачињата во основното училиште „Браќа Миладиноваци“ и средното стручно училиште “Перо Наков“.

    „Денеска на првиот училишен ден решив да присуствувам на неколкуте свечености што се организираат во општина Куманово, бидејќи општина Куманово е со најголем број ученици, со најголем број првачиња. Дојдов и во средното стручно училиште, со цел да го промовираме стручното образование. Освен медицинското, економското и правното, другите насоки на стручно образование се запоставени и не се атрактивни за учениците. Се надевам дека со измените што ќе се направат со наставните програми ќе поставиме систем, кој ќе ги привлече учениците. Правиме напори и договор со компаниите да се овозможи практична настава на учениците, со цел да им овозможи настава која ќе ги прави способни на пазарот на трудот“, - додаде министерката.