Мени

Замена на кабел на раскрсницата кај „Табакана„

31.05.2018 10:04 | KumanovoNews

 Екипи на ЕВН утре ќе работат на замена на електричната инсталација на раскрсницата на улиците „Доне Божинов“ и „Октомвриска Револуција“.

Замена на кабел на раскрсницата кај „Табакана„

Градежните работи ќе се одвиваат од 8 до 17.30 часот, а ќе се работи на замена на кабел, кој ги напојува со електрична енергија семафорите на крстосницата.  

Од Општина Куманово ги известуваат граѓаните дека сообраќајот нема да биде сопрен, но за да не создава  гужва поради намалената проодност се препорачува со возилата да се движат по алтернативни улици кон центарот на градот.

„Поради настанат дефект на кабел за напојување на семафори на крак кој поминува под улицата „Доне Божинов“ во должина од 9,5 метри, на крстосницата помеѓу ул. Доне Божинов и ул.Октомвриска Револуција ќе извршиме санирање на дефектот со прекоп и инсталирање на нов кабел. Оваа постапка ќе биде извршена во текот на утрешниот ден петок (01.06.2018), во две фази, при што сообраќајот нема да биде прекинат, но ќе биде со намален степен на проодност. Постапката ќе започне во 08:00 часот, а се планира да биде завршена до 17:30 часот, - соопштуваат од Општина Куманово.