Запален автомобил на „Октомвриска“
20.07.2018 14:07
| KumanovoNews
Непознато лице ноќеска запалило автомобил на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.
Опожарувањето се случило во 04.35 часот, додека патничко моторно возило „Цитроен Ц3“ со кумановски регистерски таблици сопственост на М.Т.(25) од Куманово, било оставено на паркингот. При тоа била опожарена предната лева страна на возилото. Од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, пожарот бил изгаснат.
Во Кумановската полиција било пријавено дека на булеварот „Октомвриска Револуција“ на паркинг просторот, од страна на непознато лице било извршено опожарување на возилото. Се работи на целосно расчистување на случајот.

