Запалено уште едно возило на кумановец
25.04.2018 13:09
| KumanovoNews
Ноќеска изгорело уште едно возило во Куманово.

Во 04.30 часот било пријавено дека на улицата „Никшичка“, од засега непознати причини избувнал пожар во патничко моторно возило “Опел Тигра“ со кумановски регистерски таблици сопственост на Љ.М.
Сопственикот сам го изгаснал пожарот.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово. Се работи на целосно расчистување на настанот.
За две дена е ова е втор пожар, вчера по полноќ изгоре автомобил на кумановец на улицата „Моша Пијаде“.