Запленети девизи на Табановце
24.10.2017 14:10
| KumanovoNews
На граничниот премин Табановце автопат, на излез од државата пронајдени се 30.000 евра, кај грчки државјанин.

Парите биле најдени во мала ташничка што возачот ја носел со себе.
Согласно законските прописи, на возачот му биле вратени 10.000 евра, износ што може слободно да го изнесе од државата, а 20.000 му се одземени.
За сторениот девизен прекршок ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка против лицето.