×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна аплицирањето за субвенции за гасификација на домаќинствата

    30.01.2018 08:48 | KumanovoNews

    Општина Куманово објави повик за надомест на дел од трошоците за приклучок на гасификационата мрежа на подрачјето на Општина Куманово за 2018 година.

    Започна аплицирањето за субвенции за гасификација на домаќинствата

    Со цел да ги стимулира граѓаните за користење гас за затоплување на своите домови, Општина Куманово ќе обезбеди поврат на дел од потрошените средства, за приклучна такса кон гасификациона мрежа.  Средствата се во износ на 10.000 денари.

    Приклучокот на гас за физички лица во Куманово изнесува 800 евра, а со новата мерка ќе се намали на 650 евра.

    Право на користење на оваа мерка имаат жителите на Општина Куманово, кои имаат склучено Договор за приклучок на дистрибутивната гасоводна мрежа и Решение за приклучување издадени од ЈП „Куманово Гас“.

    Домаќинствата кои имаат веќе остварен приклучок на дистрибутивната гасоводна мрежа, без оглед на тоа дали го користат, како и сопствениците на станбени објекти кои се сеуште во фаза на изградба немаат право на учество.

    Пријавувањето започнува по објавување на повикот, а ќе трае до исцрпување на буџетот за таа намена, но не подоцна од 30.11.2018 година.

    Со субвенционирање на домаќинствата што ќе користат гас Општина Куманово ќе се справува со загадениот воздух и заштитата на животната средина.