×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна изградбата на спортската сала во „Јероним Дерада“

    30.07.2018 13:26 | KumanovoNews

     Салата ќе биде со површина од 650 метри квадратни, изградена по највисоки стандарди и опремена со реквизити за кошарка, одбојка, ракомет, гимнастика, атлетика.

    Започна изградбата на спортската сала во „Јероним Дерада“

    Започна изградбата на спортската сала во основното училиште „Јероним Дерада“ во Черкеско село. Салата ќе биде со површина од 650 метри квадратни, а ќе користи за изведување на настава по физичко воспитување на учениците, како и за спортистите и спортските клубови во населбата. На свеченоста по повод отпочнување на градежните работи присуствуваше премиерот Зоран Заев, кој најави дека заложбите на оваа Влада се да инвестира во спортската инфраструктура, за да се подобрат условите за спортување на учениците и граѓаните.

    „Спортските навики се доблести, кои сакаме да ги поттикнеме кај секој млад човек. Затоа создавеме услови за зголемен број на часови по спорт во основните и средните училишта. Во моментов се работи на реконструкција и изградба на повеќе училишни објекти во повеќе градови и општини низ државата, што е еден од врвните приоритети во образовните политики. Нашите деца заслужуваат да ги добијат сите потребни услови за достоинствено следење на наставата, но и за практикување на спортот“, - изјави премиерот Заев.

     Новата спортска сала ќе биде изградена по највисоки стандарди и ќе биде опремена со реквизити за речиси сите спортови, кошарка, одбојка, ракомет, гимнастика, атлетика и др.

    „Оваа сала наскоро ќе биде во служба на спортските активности на учениците, е тоа е само мал дел од плановите за регулирање и подобрување на образовниот систем во Македонија. Тоа е во духот во кој бевме едуцирани, воспитувани од нашите родители, тоа е аманет од постарите генерации, тоа е наша определба за образовните политики. Верувам дека заедно со Владата и со ваша помош можеме да ја постигнеме оваа цел. Квалитетното образование на нашите деца е наша цел и мисија“, - изјави министерот за образование Арбен Адеми.  

    Во името на граѓаните се заблагодари градоначалникот Максим Димитриевски, кој истакна дека започнува еден нов период за Општина Куманово, кој ќе донесе инвестиции и развој на градот. Притоа го потсети премиерот Заев дека за време на изборите вети дека ќе му се оддолжи на Куманово, па изградбата на оваа спортска сала ја смета за почеток на раздолжувањето.  

     „Општина Куманово е најголемата Општина во државата, со најголем број на основни и средни училишта, но за жал последната капитална инвестиција во делот на образованието датира уште од далечните 80-години. Можеби со овој мал градежен проект, но големо дело за сите кумановчани, вртиме една нова страница, во Куманово отпочнуваме со инвестиции и ќе реализираме голем број инвестиции. Во септември ќе пуштиме во употреба еден друг објект и изградба на спортска сала во средното техничко училиште „Наце Буѓони“, - изјави Димитриевски.

    Спортската сала треба да биде готова до крајот на годината, и ќе започне да се користи во второто полугодие на учебната година. Во основното училиште „Јероним Дерада“ во Черкеско село настава посетуваат над 500 ученици.