Започна вакцинацијата со поливалентни вакцини пентаксим
Во одделот за вакцинација при Здравствен дом Куманово, од вчера започна вакцинацијата со поливалентни вакцини пентаксим.

Овие вакцини штитат од повеќе болести и тоа дифтерија, тетанус, полиомиелитис и хип. За Куманово добиени се 1000 дози, а вакцината е задолжителна од календарот за вакцинација.
Оваа вакцина долго време се очекуваше, затоа што со еден убод се дава можност децата да се заштитат од повеќе заразни болести. Вакцината е ефикасна, комбинирана, се намалува бројот на убоди. Децата си имаа закажано за поединечно давање, а сега се почнува со комбинирана вакцина. Родителите многу сакаат децата да ја примат оваа вакцина, ја очекуваа - вели Марина Тодоровска, лекар во одделот за вакцинација.
Родителите се информирани дека дози од оваа вакцина се пристигнати и ги носат децата на вакцинација.