Мени

Вечерва започнува Меѓународниот мото-рок фестивал на Аџитепе

12.06.2026 20:25 | KumanovoNews

На спортскиот аеродром Аџитепе вечерва започнува Меѓународниот мото-рок фестивал во организација на Мото клуб „Мечки“ од Куманово.

 

Вечерва започнува Меѓународниот мото-рок фестивал на Аџитепе

Фестивалот ќе трае три дена и ќе понуди спој на рокенрол музика, адреналин и љубов кон моторите.

Првата фестивалска вечер е резервирана за настапите на групата „Тумба“ од Македонија, „Рок Апотека“ од Србија и италијанскиот Еј-Си/Ди-Си – европски трибјут бенд, кој ќе ги изведе најголемите хитови на легендарната рок група AC/DC.

Во сабота на сцената ќе настапат македонскиот рок бенд „Оверлоуд“, шпанскиот блуз-рок состав „Гвадалупе Плата“, македонската пејачка Дани Димитровска и српската рок група „Ван Гог“.

Покрај вечерната музичка програма, за посетителите е подготвена и богата дневна забавна содржина со дружење, мото-активности и различни изненадувања.

Организаторите очекуваат рекордна посетеност и гости од Македонија и од земјите во регионот.

Фестивалот се одржува со поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам.