Засадени 500 садници во Куманово
10.01.2018 11:44
| KumanovoNews
Eкипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ изминативе две недели насадија 500 садници, зимзелени, листопадни и украсни грмушки.

Насадени се долж булевартите „Октовриска Револуција“ и „Трета Македонска Ударна Бригада“, на улицата „Б. Б. Гуцман“ на улиците во поширокото градско подрајче, на зелените островца помеѓу станбените објекти.
Локациите се одбрани поради интензитетот на сообраќај во овие делови од градот, со цел намалување на аерозагадувањето во Куманово.
Надлежните апелираат до граѓаните да се грижат за садниците и да не ги уништуваат.