Мени

Завеано селото Арбанашко

22.01.2016 09:58 | KumanovoNews

Козјачкото село Арбанашко е отсечено од соседните села поради големи снежни наноси.

Завеано селото Арбанашко

 Мештаните се јавиле во Регионалниот центар за управување со кризи, за да пријават дека патиштата се завеани и нема проток на возила и луѓе.

„Отежнат и делумно оневозможен е сообраќајот на луѓе и моторни возила. Како посебен проблем го имаат нагласено оневозможувањето на движење на  учениците до нивните училишта или евентуално и возилата на Итна медицинска помош. Наведени се патните правци  Арбанашко­-Буковљане,­ Арбанашко­-Цветишница и Арбанашко - Длабочица“-стои во соопштението од РЦУК.

Од општина Старо Нагоричане велат дека состојбата не е алармантна, иако има соспи на патот. Снегот се топи, а денеска ќе ја разгледаат состојбата и ќе преземат мерки доколку е потребно.