×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши мерката за загарантирани цени, од денес ќе ги формираат трговците

    01.03.2024 12:52 | Оливера Пешевска

    Мерката за загарантирани цени на дел од прехранбените производи и безалкохолните пијалоци заврши на полноќ, па од денеска на цените ќе зависат од трговците.

    Заврши мерката за загарантирани цени, од денес ќе ги формираат трговците

    Одлуката на Владата беше со важност до 29 февруари и со неа гарантирани цени имаше за ориз, брашно, леб и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи. 

    Инспекциските служби најавија дека ќе ја следат состојбата низ маркетите со цел да не настане ценовен шок, но оттаму апелираат и на поголема совесност од страна на трговците и земјоделците.

    Законот за нефер трговски практики е поднесен до Собранието, но се уште не е ставен на дневен ред за гласање. Со тој закон, оценет како фантастичен се очекува да се амортизира ценовниот шок.

    Министерството за економија на 20 септември, минатата година донесе одлука за замрзнување на цените на одредени прехрамбени продукти, која првично требаше да важи до 30 ноември, но во три наврати беше продолжуван тој рок. За најмалку 10 отсто се намалија цените на ориз, брашно пченично тип 400 и тип 500, бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 грама, со исклучок на свежо печен леб во маркетите, други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини. Во пакетот на артикли со загарантирана цена се најдоа и јунешкото, свинското и пилешкото месо, цените на колбас, пилешка посебна салама и на паштета. Намалени цени имаа и млечните производи и тоа- трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%,  во пакување од 1 литар, јогурт, кисело кравјо млеко, павлака, традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење, традиционален кравји и мешан кашкавал, јајца, овошје и зеленчук.

    Мерката беше еден од начините за заштита на животниот стандард на граѓаните и зауздување на инфлацијата.