×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Завши 16. Меѓународната ликовна колонија „Карпино“

    02.09.2018 10:31 | KumanovoNews

    Триесетина дела се создадени на Меѓународната ликовна колонија „Карпино“, која изминатите 8 дена се одржа во комплексот Грација во Куманово.

    Завши 16. Меѓународната ликовна колонија „Карпино“

    На колонијата  учествуваат 15 уметници од Србија, Германија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Украина и Македонија.

    - Како и секоја година така и оваа задоволни сме од продукцијата која се движи помеѓу 30 и 40 дела. Уметниците твореа на слободна тема, најчесто во класични техники, акрил и масло на платно, колажи и комбинирана техника. Темата беше слободна, а преовладуваат мотивите од местата коишто ги посетивме: Карпинскиот манастир, Зебарњак, манастирот Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричене, меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Сите автори се веќе изградени и имаат свој правец во уметноста и го дадоа најдоброто од себе - вели Мирослав Величковски, уметнички директор на фестивалот.

    Еден од уметниците на колонијата беше и Бранислав Лукиќ - Лука од Тузла, Босна и Херцеговина. Тој учествувал и на колонијата во 2015 година, и вели дека е прездоволен од организацијата и домаќините.

    - Уште едно незаборавно искуство ќе понесам од тука. Јас изработив две дела, бев импресиониран од спомникот Зебарњак и Кумановска битка. Работев на таа тема и ја пренесов емоцијата на песната „Пукни зоро“, а втората слика е инспирирана од  македонското оро, игра и рингишпили што ги видов при прославата на Голема Богородица овде во населбата каде што сме сместени. Го има тоа и во Босна, но не на ваков начин. Мене Куманово ме потсетува на Тузла и Лукавац од каде што јас доаѓам, мултиетничко, луѓето се пријателски расположени, гостопримливи. Секогаш со задоволство се враќам во Македонија и ова не е само културна соработка, туку нешто повеќе, пријателство кое трае и ќе продолжи и во наредниот период, - изјави Лукиќ.

    Синоќа, последната вечер на колонијата беше посветена на кумановскиот актер и уметник Драгиша Димитриевски Шипе, а настапија актерите од Теактеа студио, со дел од претставата „Ајде уште по една за роденденот“, работена според писателот Харолд Пинтер.

    Покрај сликањето, учесниците на колонијата имаа можаност да проследат изложба на слики и на фотографии, книжевна и поетска вечер и настапи на музичари.

     На затворењето на изложбата присуствуваше градоначалникот Максим Димитриевски, а на присутните им се обрати и претседателот на мултимедијалното здружение Карпино, Зоран Павловски. На сите учесници и на луѓето кои го помогнаа одржувањето на колонијата им беа доделени благодарници.

    Делата од колонијата ќе бидат изложени пред јавноста на Денот на градот - 11 Ноември, а ќе бидат претставени и во други градови.

    Колонијата се одржува под покровителство на Општина Куманово и спонзори, пред се ресторанот „Грација“ и винаријата „Вековник“.