×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Здравствената насока и електротехничар за компјутерска техника најбарани во „Наце Буѓони“

    05.06.2023 08:21 | Оливера Пешевска

    Од стручното училиште „Наце Буѓони“ излегуваат образовани и обучени кадри чии занимања се дефицитарни на пазарот на труд, беше кажано на „Отворениот ден“ за деветооделенците од Куманово, кој се одржа минатата недела.

    Здравствената насока и електротехничар за компјутерска техника најбарани во „Наце Буѓони“

    Презентациите на стручните насоки на училиштето, беше надополнета со штандови на компаниите што се вклучени во дуалното образование за учење преку работа.

    „Имавме убава посетеност, а нашите ученици одлично ги презентираа своите струки и покажаа што идните средношколци можат да очекуваат кај нас“, изјави Драган Јаневски, директор на училиштето.

    Во „Наце Буѓони“ годинава можат да се запишат 637 ученици во прва година во повеќе стручни насоки и тоа- во машинската струка:  техничар за компјутерско управување , машинско – енергетски техничар, конструкциски механичар ; во електротехничката струка:  електротехничар – енергетичар, електротехничар за компјутерска техника и автоматика, електромеханичар и техничар за индустриска мехатроника и во здравствената струка - медицински сестри. Од новозапишаните ученици 297 ќе следат настава на македонски јазик, а 340 ученици на албански јазик во 10 паралелки.

    Традиционално, струките кои се најценети и најплатени на пазарот на труд во земјава и пошироко секоја учебна година привлекуваат најмногу внимание.

    „Во нашето училиште секогаш има голема заинтересираност и се бара место повеќе за здравствената струка и за насоката за електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Најмалку ученици поднесуваат документи за насоките со трет степен на образование и таму секоја година останува по некое слободно место“, истакна директорот Јаневски.

    Преку проектот за дуално образование или „учење преку работа“ училиштето соработува со неколку големи комапнии. Учениците кои биле најистакнати во „праксата“ веќе добиваат понуди за работа во тие компании, па „Наце Буѓони“ може да се пофали дека потполно го заокружува образовниот процес и продуцира работна сила барана и ценета кај работодавачите.

    Од училиштето и годинава сметаат на успешен процес на упис и пополнување на најголем број од слободните места, затоа што занимањата што ги нудат се дефицитарни.