Земјоделците да поднесат барање за паушално оданочување
Ако приходот од земјоделска дејност во 2015 година не надминува 1.300.000 денари, земјоделците имаат можност данокот на доход да го плаќаат паушално.

Без разлика дали земјоделието претставува основна дејност или истата ја вршат како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување овозможува персоналниот данок да се плаќа еднаш во годината и да нема дополнителни трошоци за водење на деловни книги. Најдоцна до 31 јануари 2016 година на шалтерите на УЈП треба да се поднесе “УЈП-РДО/З“- пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност и “ПДД-ПЗ“- барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност.
Ако земјоделците веќе се регистрирани во УЈП и им е доделен даночен број (ЕДБ) како вршител на земјоделска дејност, треба да поднесат само барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“).
На оваа тема утре во 12 часот во Сојуз на земјоделски производители во Куманово ќе има предавање.