×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Земјоделците одбегнуваат да членуваат во здруженија

    20.05.2013 08:24 | KumanovoNews

     Од Здружението на земјоделски производители Куманово велат дека имаат само шеесетина членови, а секоја следна година бројот на зачленети земјоделци се намалува.

    Земјоделците одбегнуваат да членуваат во здруженија

    Бројот на членови опаѓа. Ако пред пет години имаше илјада членови, сега има само шеесетина. Меѓу нив има петнаесетина жени. Од едно земјоделско семејство се зачленува еден човек, или мажот или жената. Чланарината не е некоја голема сума, но земјоделците мислат дека нема да имаат никаква корист од зачленување. На нашите членови им обезбедуваме совети, посета на обуки, семинари, им потполнуваме формулари за добивање субвенции. Сега скоро сите знаат како да потполнат документи за субвенции, некои тоа го прават електронски и немаат потреба од нас. Бројот на земјоделци реално не е намален, туку мал е бројот на оние кои се дел од здружението - вели Стојко Ивановски, секретар на Здружение на земјоделски производители Куманово.

    Тој раскажува дека порано преку здружението земјоделците добивале семенски материјали по набавна цена и тоа било причина плус да членуваат во здружение.