Жена повредена во сообраќајка кај Романовце
06.11.2015 14:17
| KumanovoNews
Триесет годишна жена утрово околу 9.30 часот, е повредена во сообраќајна несреќа на патот Куманово-Романовце.

Ф.Б.(30) од Куманово возела автомобил голф со кумановски таблички кој се судрил со товарно возило форд со скопски таблички управувано од Д.С.(40) од Скопје. Жената е префрлена во Општа болница Куманово, а оттука е префрлена на скопските клиники. Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Куманово.