Жена тешко повредена, излетала од патот и удрила во дрво
Млада жена е тешко повредено во сообраќајна несреќа, откако со автомобил излетала од патот и удрила во дрво.

Пренесена е на лекување во Ургентен центар во Скопје.
Сообраќајката се случи вчера во 11.40 часот, на регионалниот пат граничен премин Пелинце–село Младо Нагоричане, во атарот на с.Пелинце,кога патничко возило „Рено 19“ со кумановски регистерски таблици управувано од С.М.И.(27) од с.Пелинце излетало надвор од коловозот на левата страна и удрило во дрво.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.М.И. која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентниот Центар во Куманово, од каде како итен случај била препратена во Ургентниот Центар во Скопје за понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.