Жените од СДСМ делеа сини панделки
Жените од Форум на жени на СДСМ Куманово денеска на Градскиот плоштад делеа флаери и сини панделки, испраќајки пораки да се спречи насилството врз жената.

Овие активности се дел од кампањата 16 дена активизам против сите видови на родово насилство. Атина Мургашанска, координаторка на Форумот на жени на СДСМ Куманово вели дека се залагаат за 40 отсто учество на жените на советничките и пратеничките листи.
Годинава започнавме со родово насилство меѓутоа сме говореле и понатаму планираме да говориме и за изедначување на еднакво платен труд на жената во општеството. Потоа кревање на глас против мобинг, против сексуално вознемирување, планираме организирање на кампања за заштита на здравјето на жената - вели Мургашанска.
Од Форумот на жени сметаат дека Законот за абортус треба да се повлече, затоа што го ограничува правото на жената сама да одлучува.