Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со кабаре-претствата „Меѓуигра 0-24“ босанскиот актер Зијах Соколовиќ ќе го отвори годинешниов Меѓународен тетарски фестивал “Денови на комедија – Куманово 2020“, кој започнува во понеделник на 28 септември а ќе трае до 10 октомври.
Втора на репертоарот ќе биде претствата „Фанови“ во продукција на “УГД“ Штип, потоа Театар „Антон Панов“ од Струмица, со претствата „Секс, лаги и љубомора“, а ќе гостува и Театарско друштво „Маскарад“ Софија со претствата „Не се клади на Англичани“ во режија на Владлен Александров .
Во понеделник, на 5 октомври пред кумановската публика ќе се претстави Театар комедија Скопје, со „Човек, ѕвер и доблест“, а еден ден потоа Театар „Славија“ – Белград, Србија со „Женски разговори“.
Деновите на комедија ќе ги затворат домаќините Театар Куманово со претствата „Солдат“.
„Заради непредвидливата епидемиолошка ситуација во нашиот регион и државата организаторот го задржува правото на промена на претставите кои се на дадениот репертоар, како и промена на бројот на билетите доколку се добијат нови насоки и препораки.Билетите во строго ограничен број ( 100 ) ќе бидат во продажба два или еден ден пред почетокот на претставите, - соопштуваат од Центраот за култура.