Жител на Липково уапсен на Табановце
03.10.2015 11:13
| KumanovoNews
А.Ф.(33) од Липково вчера е уапсен на граничниот премин Табановце, под сомнение дека е извршител на кривично дело.

Околу 9.45 часот А.Ф. се пријавил за излез од државата на Табановце, по што е лишен од слобода под сомнение дека извршил кривично дело по член 123, а во врска со член 19 од Кривичниот законик на Република Македонија. Во 10.15 часот е предаден во УПС при СВР Куманово за понатамошна постапка.