Жител на Отља загинал додека местел бекатон плочки
09.10.2018 10:25
| KumanovoNews
Ќ.А.(43) од с.Отља, вчера загина откако го прегази камион движејќи се во рикверц.

Несреќата се случила околу 14 часот на улицата „Бајрам Шабани“, каде се изведувале градежни работи за поставување на бекатон плочки. Џ.Ј. (46) од с.Липково, движејќи се наназад со товарно моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистерски таблици го прегазил Ќ.А., кој од здобиените повреди починал на лице место.
Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.