“Срма“ ќе настапи на фестивал во Романија Детскиот младински ансамбал “Срма“ од 6 до 13 август ќе учествува на интернационален фолклорен фестивал во Тулча, Романија.
Риболовците од “Пчиња“ на натпревар на Тиквешко езеро Екипа од Спортско риболовно друштво “Пчиња“ на 9 август ќе учествува на Куп на Македонија на Тиквешко езеро што го организира Риболовна федерација на Македонија, по повод Илинден.
Стартува автоматско здравствено осигурување Автоматско здравствено осигурување стартува од денеска, па во иднина вработените и нивните семејства нема да носат пријави во Фондот за здравствено осигурување.
Гром запали бандера во Косматац Од удар на гром вчера се запалил струјомер на бандера во атар на село Косматац.
Бесплатен автобуски превоз за Пелинце Бесплатен автобуски превоз за прославата на Илинден во Пелинце ќе има утре во 10 часот на повеќе локации во градот.
Посебен режим на сообраќај за Илинден На прославата по повод одбележување на 70 години од Првото заседание на АСНОМ, на пристапните патишта до меморијалниот центар Пелинце во сабота ќе има посебен сообраќаен режим.
Втори август неработен за сите граѓани Втори август, сабота, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Голем одзив на крводарителската акција на СДСМ Над 30 единици крв се собрани за час и половина од почетокот на крводарителската акција во партиските простории на СДСМ.
Нови мерки за бизнис и вработување Нови огласи од мерките за вработување на млади лица до 29 години и други невработени со почнување на бизнис и ангажирање на работници во мали и микропретпријатија се отворени од утре до 22 август.
Цветковска: Државотворноста на македонскиот народ произлезе од Илинден Унијата на жени на ВМРО - ДПМНЕ во пресрет на Илинден, синоќа во Центарот за култура одржа трибина со наслов “Идејата на Илинденците - патоказ кон македонската држава“ на која говореше м-р Соња Цветковска.
Жител на Карпош силувал малолетничка С.С.(32) од населба Карпош се сомничи дека силувал 14 годишно девочје.
Двајца кумановци нападнале полицајци Во два одделни случаи двајца кумановци нападнале полицајци, додека биле на службена должност.
Просветните работници ќе протестираат во Скопје Околу 500 членови од регионален одбор на СОНК Куманово во петок, симболично во 5 до 12 часот, ќе протестираат пред Министерството за образование, со што ќе дадат поддршка на штипските професори и ќе побараат подобрување на состојбите во образованието.
Градот гo собра родот во Старо Нагоричане Врнежите од град, кои во неделата попладне ја зафатија општината Старо Нагоричане, целосно ги уништи пченката, житариците, бостанот, лозјето и зеленчукот во нивите.
“Српски вез“ се претстави во Босилеград Културно - уметничкото друштво “Српски вез“, викендов учествуваше на Меѓународниот фолклорен фестивал “Босилеградско краиште игра и пее“ во Босилеград, Србија.