Возачките дозволи и пасошите без „Северна“ нема да важат после 12 февруари Од 13 февруари 2024 година, престануваат да важат пасошите и возачките дозволи со името Република Македонија и во важност ќе бидат само патните исправи со името Република Северна Македонија, велат од МВР.
Приведен кумановец, нападнал полицаец на должност Полициски службеници од СВР Куманово утринава го привеле 42 -годишен кумановец, затоа што на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово, физички нападнал полициски службеници при извршување на службени дејствија.
Видео интервју со д-р Милена Илиќ - Пешиќ: Технологијата носи многу опасности за децата кои родителите не ги препознаваат Мора да се вратиме на природниот начин на одгледување на децата, без прекумерна употреба на технологијата. Најдобро е да сме што поблиску до природата.
Никица Петрушевски нов началник на СВР Куманово Никица Петрушевски е нов началник на Секторот за внатрешни работи Куманово. На функцијата стапил од вчера, а назначен е од министер за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски.
Амбулантата во „Перо Чичо“ да се стави во функција на јавното здравство, бараат граѓаните (видео) Жителите од населбата „Перо Чичо“ со години наназад за основните здравствени услуги одат во амбулантите во градот, додека некогашната поликлиника во нивната населба пропаѓа. Запуштена и руинирана, таа потсетува на едно време кога услугите на јавното здравство им биле достапни на само неколку чекори од нивните домови.
Три деца од Куманово се заразени со голема кашлица, две се хоспитализирани Три деца од Куманово се заразени од пертусис - голема кашлица, потврдуваат од Центарот за јавно здравје во Куманово. Децата се на возраст од четири години, 18 и 13 месеци.
Над половина од граѓаните очекуваат животот да им биде полош ако останат во Македонија, покажа истражување на „Солуција“ 57,6 отсто од македонските граѓани сметаат дека нивниот живот ќе биде полош во иднина, одговарајќи на прашањето дали очекуваат подобра иднина за своите деца доколку останат да живеат во Македонија, во анкета на Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“.
Проектот за реконструкција на малиот плоштад во Куманово е донација од делчевска фирма, која вреди 1,5 милион денари Основниот проект за конзервација, реставрација, санација и адаптација на плоштад „Нова Југославија„ и улица „Плошдат Маршал Тито“, во Куманово е изработен од фирмата „ГЕО КОМ“ ДООЕЛ Делчево. Проектот е во вредност од 1,5 милиони денари или околу 25.000 евра.
2,5 милиони денари за 4 претстави на Кумановскиот театар одобри Министерството за култура Националната установа „Центар за култура“ Тетар Куманово ќе добие 2,5 милиони денари или околу 40 илјади евра од Годишната програма на Министерството за култура за четири проекти од областа на драмска дејност.
Отворена изложбата на слики на колонијата „Лесново“ во Центарот за култура во Куманово Во фоајето на Центарот за култура во Куманово е отворена изложбата на дела создадени на Лесновска ликовна колонија 2023 година. Тоа е 31-то издание на колонијата, етаблирана во 1992 година со меѓународен карактер, на која учествувале 17 уметниците а се создадени 30 слики.
Се запалил автомобил во движење во Старо Нагоричане, додека го гаснеле го удрил „пасат“ Автомобил во движење утринава се запалил на регионалниот пат во селото Старо Нагоричане.
Да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје, невакцинираните деца да не се примаат во градинка Епидемија на голема кашлица да се прогласи на територијата на Град Скопје и да се забрани прием на деца невакцинирани со пертусис во градинки, предлага Комисијата за заразни болести.
Kазината и обложувалниците да се оддалечат повеќе од 500 метри од училиштата, усвоен законот за игри на среќа Собранието на денешната седница со 55 гласа „за“ и ниту еден „против“ ги усвои измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, со кои што се предвидува обложувалниците и казината да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта. Законот беше донесен во скратена постапка, со европско знаменце.
Со свечена академија Сојузот на борците ја одбележа годишнината од загинувањето на Карпош На 80-годишнината од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски – Карпош, денеска во организација на Сојузот на борци од Куманово се одржа свечена академија.
Повреден пешак на крстосницата на „Октомвриска револуција“ и „Моша Пијаде“ Педесет и петогодишен кумановец е повреден на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и ул.„Моша Пијаде“ во Куманово.
Гордица Бошковска нов член во Советот на Општина Куманово Гордица Бошковска од партијата ЗНАМ е нова советничка во Советот на Општина Куманово.