Физичка пресметка помеѓу поранешни сопружници, двајцата пријавиле напад во полиција Поранешни сопружници пријавиле во полицијата дека биле жртви на физички напад.
Во кумановската гимназија одбележана годишнината од раѓањето на „Гоце Делчев“ Во дворот на Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово беше одбележана 152-та годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер.
Казнети 85 возачи во Куманово, 16 возеле без возачка дозвола Во акциска контрола на територија на општина Куманово, денеска во периодот од 09.30 до 16.30 часот казнети се 85 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.
Се обидел да украде автомобил „застава“, полицијата го привела Полициски службеници од СВР Куманово привеле 30-годишен кумановец, затоа што сакал да украде автомобил.
Судскиот совет ја отфрли претставката на пратеникот Петрушевски за пресудата за навреда и клевета Судскиот совет ја отфрли како неоснована претставката на пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО- ДПМНЕ за нестручно и несовесно постапување на судијата Неџат Мемети од Основен суд Куманово.
Од понеделник штрајк во ФЗО, ќе се работат само неопходните предмети Од понеделник, Фондот за здравство стапува во штрајк. Од Синдикатот на Фондот за здравствено осигурување при УПОЗ најавија дека сите подрачни единици на Фондот ќе штрајкуваат и ќе ги извршуваат само неопходните работни задачи.
Интервју со Даниел Стојчевски, претседател на кумановскиот огранок на ЗНАМ (видео) Даниел Стојчевски, претседателот на општинската организација на Движењето ЗНАМ Куманово гостин во првото интервју на Кумановоњуз со локалните ограноци на политичките партии. Разговараме за новата партија, програмата и плановите за престојните избори.
Секои избори се ветува стационар за бездомни кучиња во Куманово Во Куманово се уште нема стационар за згрижување на бездомни кучиња, иако локалните власти, но и политичките партии, во секој изборен циклус ветуваат дека ќе се преземат мерки за решавање на проблемот.
Над 40 пожари имало во јануари, половината од нив на стрништа Над 40 пожари се регистрирани во Територијалната противпожарна единица Куманово од почетокот на 2024 година, а од тоа 20 од нив се на отворен простор.
Ние немаме превенција за честите а не за ретките болести, рекоа лекарите на почетокот на кампањата за ретки болести Клучeн фактор за ретките болести е раната превенција, ние немаме превенција, не само за ретките, туку и за многу чести болести, ова беше пораката на стартот на шестата сезона од Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“.
Посмртнината зголемена за 5.000 денари - Лани исплатени 7,5 милиони евра од солидарниот фонд Од почетокот на годинава зголемен е износот на посмртната помош, од досегашните 30 на 35 илјади денари. Ова решение ќе се применува до 30 јуни.
Нa 80-годишнината од загинувањето на Карпош бесплатен влез во спомен куќата Кумановскиот музеј ќе обезбеди бесплатна посета за сите заинтересирани граѓани кои во текот на февруари сакаат да ја посетат спомен куќата на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош по повод 80 годишнина од неговото загинување.
Четириесет дозволи за соларни и фотоволтаични централи издала Општина Куманово, шест се градат Четириесет дозволи за изградба на површински соларни и фотоволтаични централи се издадени од Општина Куманово. Секторот за урбанизам добил известување дека на шест од нив е започнато со изведување на работите.
Кумановскиот суд ја укина мерката за претпазливост и му го врати пасошот на Ѓорѓе Давид Српскиот музичар Ѓорѓе Николиќ - Давид вчера попладне ја напуштил Македонија, откако Основниот суд во Куманово донел решение да ја укине мерката за претпазливост и му ги вратил личните документи.
Здравствениот дом отвори лабораторија во амбулантата „Тоде Мендол“ Здравствениот дом Куманово отвори лабoраторија за анализа на крв во aмбулантата „Тоде Мендол“, која ќе започе со работа од утре.
Над 300 илјади евра ќе потроши Општина Куманово за културни манифестации во 2024 Рекорден буџет од околу 20 милиони денари или околу 325 илјади евра годинава е наменет за Програмата за културни манифестации на Општина Куманово. Овој износ е одреден во рамките на досега најголемиот проектиран буџет на локалната самоуправа за 2024 година.