Заврши поправката на кровот на „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, учениците се вратија во своето училиште Второто полугодие од учебната 2023/2024 учениците на „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ го започнаа во матичната зграда по санацијата на кровот и училниците на третиот кат во училиштето.
Тринаесет точки на дневен ред на денешната седница на Совет Советот на Општина Куманово денеска ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 13 точки, главно извештаи и програми за работа, согласности за зголемување на бодот за платите, согласности за ангажирање на работници преку приватна агенција за вработување и др.
Годинава најмалку пари за зимско одржување на улиците во Куманово, за првпат се вклучува и ЈП „Чистота и зеленило“ Оваа зимска сезона Општина Куманово издвоила најмалку средства за зимско одржување на улиците и патиштата, поточно 12 милиони денари или 195.000 евра.
Утре без струја делови од градот и една приградска населба Прекин во снабдувањето со електрична енергија утре ќе има во делови на Куманово и во една приградска населба.
Возачот на еден од автомобилите влегол во спротивна насока на автопатот на Табановце, соопшти ОЈО Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа во близина на граничниот премин Табановц,е во која едно лице го загуби животот.
Четириест и деветгодишна жена загина во синоќешната сообраќајка на Табановце Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, вчера загина во сообраќајната несреќа на автопатот Куманово – Граничен премин Табановце.
Еден загинат и тројца повредени при судир на три возила на автопатот Куманово -Табановце Во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово -Табановце едно лице загинало а уште три се здобиле со повреди.
Поради дефекти на мрежата без струја повеќе села во Kозјачието Девет планински села во општина Старо Нагоричане денеска се без електрична енергија, поради дефекти на електродистрибутивната мрежа.
Центарот за активно стареење со најдобра Богојавленска софра во Крива Паланка (видео) Празничната трпеза на членките од Дневниот центар за активно стареење при Општинскиот Црвен крст од Крива Паланка беше прогласена за најубава Богојавленска софра на манифестацијата Водици, организирана од Општина Крива Паланка во соработка со Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија – ГастроМак.
Приведена кумановка која питачела со нејзините деца во Гостивар Полицијата привела 34-годишна кумановка која питачела на магистралниот пат Гостивар – Кичево.
Прослава на Водици во црквата „Св. Никола“ во Куманово (видео) Во црквата „Свети Никола“ во Куманово денеска православните верници го прославија големиот празник Богојавление - Водици.
Влатко Тодоровски втора година по ред го фаќа крстот во Тромеѓа(видео) Влатко Тодоровски (20) од Тромеѓа по втор пат успеа да го фати крстот во селото Тромеѓа. Од 12 пријавени лица тој беше најбрз и најсреќен на малото езерце, во центарот на Тромеѓа.
Бојан Костадиновски го фати светиот крст во црквата „Свети Никола“ во Куманово Бојан Костадиновски(21) од Куманово беше најсреќен и го фати светиот крст во базенот на црквата „Свети Никола“ во Куманово.
„Пивтијада“ традиционално за Водици во ресторан Грација Традиционалната манифестација „Пивтијада“ ќе се одржи утре, 19 јануари во ресторан „Грација“ во Куманово. Ова е 22-ро издание и досега се пријавени 12 натпреварувачи кои ќе подготвуваат пивтии, кои ќе ги оценува 5 члена комисија.
Повреден сопственикот на станот во кој експлодираше плинска боца, пренесен на лекување на скопските клиники Ф.Д. (30) од Куманово, сопственик на станот во кој денеска експлодираше плинска боца пренесен е на лекување на скопските клиники.
Експлозија на плинска боца предизвика пожар во стан на „Моша Пијаде“, има повредени (видео) Експлозија на плинска боца предизвика пожар во стан на приземје на ул. „Моша Пијаде“ во Куманово.